Прво место на Балкански шампионат за За-Нед-До од Битола

0
387

Академијата за боречки вештини “ЗА-НЕД-ДО” од Битола е севкупен победник на првиот Балкански шампионат кој од 9-ти до 10-ти март 2018 година се одржа во Брчко, Босна и Херцеговина.
На настанот учество зедоа над 400 натпреварувачи од сите земји од поранешна Југославија како и Словачка и Унгарија. Македонија ја претставуваа 23 спортисти кои одбележаа успех со освојување на 34 медали од кои 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени.
Пред почетокот на Балканскиот шампионат од страна на стручниот совет на Светската организација претседателот на истата за Република Македонија, господинот Златко Неделковски беше именуван и за претседател при Светската организација за регионот на Балканот кој брои 12 земји членки.
– Како тренер по подолго време имав можност да видам со свои очи што значи почит во светот на боречките спортови и вештини од истакнати имиња за кои сум слушала. Беше убав спортски настан од огромно значење дотолку повеќе што некогашните колеги мајстори кои и ги донесоа за прв пат дел од контактните спортови на овие простори сега беа противници преку своите ученици или ученици на своите ученици на теренот. Сепак ние од Балканот каде по систематизација се броиме како 12 земји членки Балканскиот куп сме го сметале за нешто што е попатно а битно пред Европски или Светски настан. Сега гледам се враќаат тие вредности а како главен тренер на македонскиот тим гледам дека се соочуваме со нов предизвик затоа што земјите од Балканот имаат прилично префинет и строго професионален пристап во борбите, особено Кик Боксот што е пак одговор дека ние работевме на вистинскиот пат но и предизвик да се одржи чекорот во подготовката за настаните кои следат-истакна Дијана Неделковска, главниот тренер на „ЗА-НЕД-ДО“.