Бизнис академија Смилевски – БАС, како дел од академската групација ДЕТРА Центар, БАС и БАС Институтот за менаџмент, во своето над 30 годишно ангажирање на подготвување на професионални менаџери преку неформлано и формално академско образование, го одржа првиот академски час со студентите од прв циклус на студии 16-та генерација студенти на локациите во Скопје и Битола со импресивен број на новозапишани студенти.

Во однос на бројката од 82 студенти на првата генерација студенти во академската 2008/2009 година, сегашниот тековен број од 196 запишани студенти на прв и втор циклус на студии (на втор циклус се очекува до крајот на октомври да се дозапишат уште студенти) е повеќе од дуплиран.

На новозпишаните студенти им се обрати основачот на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски кој ја истакна споредбата помеѓу академската 2010/2011 година кога се активирани и студиите на втор циклус со вкупно новозапишани 128 студенти и оваа академска година.

Констатира реално зголемување на интересот и одлучувањето за студирање на БАС со над 50%.

Ваквиот резултат во услови на намален број на кандидати за упис (намалена демографска генерација матурнати 2023 во однос на 2010 за над 20%), зголемено заминување на матуранти на школување и/или работа надвор од државата и отворање уште неколку нови високообразовни организации, јавни и дисперзирани студии на јавните вискообраозни установи и нови приватни високообраозни организации, основачите, наставниците и соработниците на БАС со право се гордеат на овој индикатор на прифатеноста на брендот на БАС помеѓу младите и возрасните идни професионални менаџери.













