Партијата „Демократи“ изминатиот викенд го одржа својот првиот конгрес.
На конгресот кој се одржа во хотелот „Континентал“ во Скопје се избираше претседател, потпретседател и членови на Централниот и Извршниот комитет.

За претседател повторно е избран Јорго Огненовски, а за потпретседател Изет Зејнеловиќ.

На конгресот присуствуваа 63 делегати од Македонија, а исто така имаше и гости.












