Прв роденден на игротеката „Вања”

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Цела една година игротеката Вања престојот на своите најважни клиенти – децата го претвара во незаборавни спомени исполнети со среќа и забава.

Со околу 500 организирани родендени, учества на разни настани, преку 15.000 посетители месец септември ќе биде во знакот на првиот роденден на игротеката „Вања” во Охрид. По тој повод, цел месец во игротеката „Вања” ќе има 20% за роденденските забави, а на ден 20-ти септември ќе го прослави својот прв роденден кој ќе биде исполнет со забава, музика, детски игри, популарни Дизни ликови, а секако нема да ја изостават и роденденската торта.

По повод роденденот, во игротеката „Вања” цел месец септември ќе организира повеќе настани од натпреварувачки карактер за најмладите, при што најталентираните ќе добијат и вредни награди – 30 ваучери за бесплатен престој во игротеката и многу други подароци и изненадувања. Следете ја нашата Facebook страница (www.facebook.com/igrotekavanja) за навремено да бидете информирани за настаните.

Секако, сите посетители ќе имаат на располагање избор од менито и пијалоците од менито на Бистро Вилиџ кој со својот професионален тим ќе помогне атмосферата на посетителите да биде уште попријатна со највкусните оброци по најниски цени.

Игротеката која е современо опремена се протега на 800 м2 и располага со модерни реквизити кои на децата им овозможуваат пријатни, забавни и незаборавни моменти кои долго се памтетат.

Повозрасните посетители ќе можат да го искористат времето во прекрасниот амбиент на трговско забавниот центар „Вилиџ Вања Камчев”, пиејќи кафе покрај прекрасната фонтана или да ги вкусат специјалитетите на  ресторанот од висока категорија кој е во склоп на хотелот „Вилиџ” кој на гостите од другите градови може да им понуди престој во модерно опремените соби и професионални хотелски услуги.

Наша најголема награда се веселите детски лица и широки насмевки кои децата ни ги подаруваат секојдневно како благодарност за нашите залагања, велат од компанијата.

Share.