Прв случај на коронавирус во Африка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Регистриран е првиот случај на коронавирусот во Африка, а заразено е човек во Египет.

Заразеното лице не е Египќанец, стои во соопштението портпаролот на Министерството за здравство, Калеф Мегахед.

Земјата ги прекина летовите на националната воздухопловна комапнија кон Кина.

Околу 3.000 Египќани во февруари беа евакуирани од кинескиот град Вухан, жариштето на епидемијата, и сместени во 14-дневен карантин.

Бројот на починати од коронавирусот вчера се приближи до 1.400.

Share.