Прв фестивал на кларинети „Кларифест“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Битола изминатиов викенд од 7ми до 9ти јуни се одржа првиот фестивал за кларинети “Кларифест – Битола 2019” кој се состоеше од концерти и семинари за кларинет. Гости предавачи на семинарите беа истакнати уметници од странство и тоа Сергеј Петров (Русија) – прв кларинетист и солист на Болшој Театарот во Москва, како и Јакуб Бокун (Полска) – професор по кларинет на Музичката академија во Вроцлав, додека како учесници и слушатели учествуваа ученици од нижите и средните музички училишта од државата.

Исто така во рамките на “Кларифест – Битола 2019” беа реализирани и два концерти и тоа – свечено отварање на фестивалот со концерт на ученици од средните и нижите училишта од државата, додека на завршниот концерт настапија споменатите гости од странство, заедно со домашните уметници Ристо Ѓоревски на кларинет и Елена Атанасовска-Ивановска на пијано. Фестивалот се организираше со поддршка на Министерството за култура, а како партнери се јавија и познатиот бренд за призводство на кларинети Буфет Крампон – Париз, како и Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Концертот беше во организација на Здружение за култура и уметност АРТИСТИКО – Скопје.

Share.