ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕВЕНТИВНА АКТИВНОСТ НА СВР БИТОЛА ЗА ЗАШТИТА ОД ЏЕБНИ КРАЖБИ

Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола – Отсек за превенција, Полициска станица Битола, инспектори од криминалистичката полиција заедно со портпаролот на СВР Битола во Градскиот пазар во Битола спроведоа превентивна активност за заштита од џебни кражби, под мотото „Заедно до поголема сигурност“.

На граѓаните, посебно на повозрасните, покрај практични совети за подобра заштита од џебни кражби им беа поделени и летоци со едукативна содржина.