ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ, ПОЛИЦИЈАТА НА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИ НА „КОНЗУЛИ“

Вчера полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, реализираа превентивна активност фокусирана на возачите на мопеди, моторцикли, трицикли и четирицикли.

По тој повод беше организирана средба со ченовите на мото клубот „Конзули” од Битола.

На средбата им беше укажана важноста овие превозни средства да бидат технички исправни, а возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и задолжително да носат заштитен шлем или кацига, соопштија од полицијата.