ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО КЛАПА БАТУДА ОД ХРВАТСКА ВО БИТОЛА

Во Центарот за култура во Битола, Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, во соработка со Центарот за култура, Битола, организира Божиќен и предновогодишен концерт, кој ова хрватско друштво традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на клапското пеење во нашиот град. Овој пат гости од Хрватска беа далматинската машка клапа “Батуда“ од Дуги Рат.

„Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“, изјави Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар. На крај тој го честиташе влегувањето во шенген зоната на Хрватска и пласманот на полуфиналето на фудбалерите на Хрватска во Светскиот куп.

Во публиката како и на секоја манифестација имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура, а ним им се обрати хрватската амбасадорка, Нивес Тигањ.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, нагласи дека му е драго што продолжуваа традицијата која ја има воспоставено претседателот на друштвото, Бранко Маретиќ за презентирање на клапаската култура и песна во Битола. За членовите на клапа Батуда ова е прв самостоен концерт во Македонија. Тие истакнаа дека се благодарни на организаторите за поканата, поточно на Маретиќ, потоа на градоначалникот на Битола и на хрватската амбасадорка како и на сите други гости кои дојдоа да ја поддржат далматинската клапска песна.

За време на концертот на клапата “Батуда“ беше прикажан  краток документарен филм.

Вечерта помина во прекрасен амбиент, а сите присутни заедно пееја и уживаа. По концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа разменети подароци и договорени нови настапи, а гостите уште еднаш уживаа во прекраснатите изведби на машката далматинска клапа.