ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДНОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ СО LE BRAND

Silly December-Silly Prices е настан кој секоја година се организира во Le Brand Studio со почеток на 1-ви Декември и трае цел месец,заклучно со 31-ви Декември. Замислен е како предновогодишна дружба со клиентите и пријателите на Le Brand Studio и распродажба на одредени парчиња облека.

Оваа година тие одлучија да организираат уште еден настан,како дел од самиот настан SILLY DECEMBER-SILLY PRICES кој е ретроспектива на сјајот на стара Битола.

„Ние битолчани сме посебно горди на монденското минато на градот и се повеќе носталгични по славните денови од почетокот минатиот век.

Иако не може да зборуваме како живи сведоци на тие времиња, имаме оставштина во материјална и пишана форма која никого нема да остави рамнодушен. На нашата седенка со етнологот од музејот на град Битола, Наде Геневска Брачиќ во непосреден разговор си муабетвме за старите битолчанки и нивните модни навики “, ни изјавија од Le Brand.

Оваа седенка беше засладена со колачи од старите тефтери со рецепти на фамилијата Герас.