ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИ ВО „ПОШТА“

Плата за септември или прекин на работата, бараат вработените во Македонски пошти. Тие од денеска почнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час.

Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час сѐ со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.

Наредниот штрајк е веќе закажан за 29 октомври.

Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на Пошта за МИА изјави дека протестите ќе се одвиваат во тек на паузите на вработените во сите подружници на „Поштата“ низ државата.

– Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуваме исплата на платата, изјави Велигденов, најавувајќи дека планираат да одржат и генерален протест пред Владата во наредниот период.

Велигденов вели дека имале средба со раководството на „Пошта“ кое ги информирало дека прави напори да обезбеди финансии и оти се чека поддршка од Владата. Во случај во меѓувреме да не се обезбеди исплата на платата генералниот протест Синдикатот ќе го организира наредниот викенд.