Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека постои опасност од „економска бура“ во светот, од причини што растот на глобалната економија е помал од очекувањата.
Според Лагард, “четири облаци” се главните фактори кои ја поткопуваат глобалната економија и можат да ја донесат бурата.
“Меѓу овие ризици се тензиите во трговијата и воведувањето на санкции, финансиски проблеми, несигурност од исходот на Брегзит и забавување на кинеската економија”, рече Лагард.
Лагард потенцира дека дополнителни ризици претставуваат и се поголемите трошоци за кредитирање на владите, компаниите и домаќинствата.