Во Културно информативниот центар во Битола, пред љубителите на уметноста беа презентирани делата на уметникот Тони Соколов. Изложбата со наслов „Далги“ ја презентира збирката од 20-тина пејсажи кои се создадени како одраз на визуелната реалност и личните идеи на уметникот. Уметничкиот набој за создавање на цртежи, ги акумулира и црпи од поезијата на поетот Анте Поповски,одгатнувајќи дека, поезијата е дарба на душата, а не на учењето.

Тони Соколов, познат под уметничкото име Солза е роден во Битола. Неговите уметнички способности и порив за истражување на нови хоризонти го носат во Австралија . Како сестран уметник во различни дејности се занимава со цртање, сликање, вајарство, монументално вајарство во бронза, мозаици, па се до архитектура.
Пејсажите како што вели тој, биле израз на неговото талкање низ светот, талкање по непознатото. Изложбата може да се погледне и наредните денови.












