ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБАТА „ПСАЛМИ“ НА ВЕНКО ЦВЕТКОВ ВО ПРИЛЕП

Во Ликовната галерија при центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше отворена изложбата “Псалми” од Венко Цветков, кој се претстави со дела базирани на постмодерен синтетички ликовен слог. Отворањето го збогати настапот на црковниот хор “св.Петка”. Неговите дела вклучуваат елементи од средновековното македонско сликарство.

„Делата на Цветков се повикуваат на иконографијата на православното сликарство како и псалмите од светото писмо, а тоа е интерпретирано во потполно нов духовен, односно мистичен начин“, рече м-р Матеј Метликовиќ.

Венко Цветков е роден во Штип. Завршил Виша педагошка академија во Скопје во 1976 година кај проф.Спасе Куноски. Дипломира на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1984 година кај. проф. Киар Мешко. По завршувањето на студиите во Љубљана се враќа во Македонија и работи како реставратор на средновековно сликарство и истовремено активно твори во областа на современото сликарство. По 2007 година работи како професор во СУ „Лазар Личеноски“ од каде во 2022 година заминува во пензија.

Покрај самостојното ументичко творештво интензивно работи и на отсликување на православни храмови во Македонија.