Презентирана изложбата Русите во Македонија 1920-1940 во Битола

0
348

На Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Р. Державин“, во Битола, беше отворена изложбата „Русите во Македонија (1920-1940)“, организирана  од Амбасадата на Руската Федерација.
Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот архив на Република Македонија. После настапот на хорот Св. Нектариј, изложбата ја отвори амбасадорот Олег Шчербак.
Професорот д-р. Александар Стерјовски е еден од истражувачите кои најдлабоко ја обработиле тематиката на Русите во Македонија во периодот после Октомвриската револуција со посебен осврт на Битола.

Изложбата дава претстава за животот на руските имигранти во Македонија (посебно значење во овој контекст имаат материјалите од семејните архиви на потомците на руските имигранти) и за дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти.

Развојот на театарската уметност во Македонија е токму поврзана со руските имигранти, поточно руските интелектуалци кои во тој период биле во Македонија.

Изложбата  ќе биде поставена во просториите на Славјански до 13-ти март.