Во Центарот за култура Битола беше презентирана самостојната изложба на македонска резба на уметникот, копаничарот Веселин Поповски. „Се работи за изложба која е реткост да се види и изложба со која поддржуваме наш битолчанец, кој создава уметност која го одзема здивот “, истакна директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски.

- За крај таа додаде дека се надева дека оваа изложба ќе биде поттик за сите копаничари повеќе да работат и да се инспирираат, и доколку соберат повеќе дела на едно место Центарот за култура со радост би било местото кое би ги промовирало тие дела. Поповски истакна дека со копаничарство активно се занимава од 1998 година. Потоа ги информираше присутните за копаничарството како македонско богатство. Тој истакна дека тоа што го работи го работи од љубов како хоби.

Активен член е во здружението на Копаничари на Македонија од 2000 та година, а од 2017 и претседател на истото. Учесник е на повеќе колонии и групни изложби. Ова е негова 3 -та самостојна изложба, а најмногу внимание посветува во изработката на ликови било тоа да се црковни, историски и други. Изложбата беше поддржана од Министерството за култура, а ќе биде поставна во фојето на Центарот за култура до 13 -ти мај.












