Презентирани мерките за поддршка на инвестиции

0
219

Можностите кои што ги нуди Општина Битола за странските инвеститори, од аспект на градежни парцели и инфраструктура, во Индустриската зона „Жабени“, но и во поранешниот индустриски дел на градот, беа претставени на средба на градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, Министерката без ресор во Владата на Република Македонија задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставници на Регионалната стопанска комора.

Во фокусот на разговорите беа можностите за привлекување на странски инвестиции.

„Оваа средба е само уште една потврда дека централната власт,сериозно гледа на Општина Битола, како на општина на која треба да и се дадат шансите за да бизнисот едноставно заживее. Можностите кои ги нудат со низата пакети кои Владата ги донесла и допрва ќе ги носи, всушност се нешто за што треба да бидат информирани соодветно и навремено, сите инстанци, а во случајов, најбитно е тоа да биде бизнис заедницата. Токму затоа, денес ја одржуваме оваа средба и јас длабоко верувам дека ќе имаме дополнителни информации којшто ќе значат, за развојот на нивните бизниси.“- изјави градоначалничката на Општина Битола,Наташа Петровска.Пред стопанствениците од регионалната стопанска комора беа претставени мерките на Владата за финансиска поддршка на инвестиции, со посебен акцент на соработката на домашните и странските компании.

,,Да ги споделиме деталите околу можностите за финансирање, финансиските субвенции кои што Владата е подготвена да ги дава,односно да ги субвенционира компаниите и во детали да дадеме можност на компаниите кои се присутни за соодветни појаснувања на определени прашања, се со цел да бидат детално запознати и соодветно на тоа, да можат да аплицираат за таа помош.“- изјави Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.Средбата со стопанствениците следи откако е донесен нов закон за финансиска поддршка на инвестирања.