„Животот е пред мене“ е насловот на песната со која ќерката на македонскиот вирутоз Симон Трпчески, Лара, заедно со Ирина и Јован ќе настапи годинава на детската Евровизија.
На социјалните мрежи се огласи и гордиот татко на Лара, кој порача: „Горд сум што сум дел од македонскиот тим – Лара (мојата ќерка), Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот детски Евросонг во Ерменија! Одлична инспирација за моите претстојни концерти.
Децата се иднината! Животот е пред нас, тоа е вистинскиот дух! Напред Лара, Јован и Ирина!“.
Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.
Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.












