Прекин во водоснабдувањето на третата делница на Широк Сокак

Поради промена на стара водоводна мрежа (промена на шибер-затворачи) денеска од 8:00 до 19:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улица Широк Сокак на потегот од “Камен мост” до Фонтаната кај шеталиштето.
Поради долгиот прекин во водоснабдувањето цистерната на ЈКП “Водовод” Битола со питка вода за пиење ќе биде поставена пред “Офицерскиот дом” доколку граѓаните имаат потреба од свежа вода за пиење.
Сподели