Преку видео надзор во Битола до поголема безбедност

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес во посета на СВР Битола министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заедно со своите соработници и заменик министерот Нухиу направија  увид во реконструираниот објект.Од буџетот на министерството за внатрешни работи за реконструкција на зградата на СВР Битола оделиле 7 милиони денари. Згрдата како што кажа министерот била реконтруирана после 50 години. На средбата со раководните лица од СВР Битола се разговарала и за безбедносната состојба во градот.

-Практично во рамки на тој наш зафат за реконструкција и санација на објекти во владение на организациони единици при МВР ова е 19-ти таков објект, а сумата што за таа намена до денес е издвоена од наши буџетски средства на министерството веќе достигнува околу 28.000.000 денари или околу 450.000 евра. За илустрација сакам да посочам дека по однос на криминалитетот од вкупно евидентираните 3037 кривични дела по разни области на подрачјето на СВР Битола реализација та е 36 отсто во споредба со 3263 дела во 2017 кога реализацијата била 31 процент. Всушност лани нашите колеги од СВР Битола постигнале најдобри резултати во борбата со криминалот споредбено со петте години претходно. Таквиот позитивен тренд веќе е задржан и годинава така што например минатиот месец од вкупно регистрираните 185 кривични дела процентот на реализација изнесува 56 отсто изјави министерот Спасовски.

Денес после пладне министерот за внатрешни на средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Се разговарало на повеќе теми меѓу кои и носењето на денешната одлука за превенција од страна на битолските советници.

-Синхронизирано тече соработката со МВР преку општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, Советот за превенција за детско престапништво, како и други начини за сообраќајна безбедност и превенција во градот.Обезбедувањето на поголема безбедност на граѓаните е една од главните задачи на локалната самоуправа и на МВР со кои дефиниравме конкретни чекори за следниот период со што нашата соработка се продлабочува, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Врската помеѓу локалната заедница и македонската полиција е нешто што треба да го јакнеме во наредниот период, зошта само преку силна врска меѓу граѓаните и македонската полиција ќе расте довербата и ќе се зголемува безбедноста, потенцираше Спасовски.

На средбата станало збор и за спроведување на идни прокти.

-Задача која што си ја зададовме за идниот период со градоначалничката на Битола и со началникот на СВР Битола е стапување во изготовка на еден проект за обезбедување во градот преку видео надзор . Ќе направиме проект за тоа да можеме да го реализираме во наредниот период, рече Спасовски.

Беше прашан дали во Македонија се очекува нов мигрански бран?

-Немаме индиции кои ќе посочат дека во многу скоро време би можеле да имаме нов мигрантски бран. Според податоците од 2019 година, има зголемен обем на обиди за илегално преминување на границата, но ако се има пред вид податокот дека во 2018 година македонската полиција на јужната граница, 90 проценти од вкупната бројка илегалци или близу 17.000, успеа да ги отктрие и спречи илегални влегувања во државата, тоа покажува дека имаме добра поставеност како со материјални средства, така и со човечки ресурси. Во последниве три недели, статистиката покажува дека имаме намалување на бројката што се обидува илегално да влезе во Република Северна Македонија. Ситуацијата е под контрола, а ние постојано се подготвуваме и преземаме мерки со државите од регионот, но и со држави членки на ЕУ, со заеднички креирани мерки да бидеме подготвени и успешно се справуваме со овој процес за било кој период ако се појави миграциска криза. Миграцијата, тероризмот и сајбер-криминалот ќе бидат предизвици кои ќе траат на долг рок и ние сериозно се подготвуваме, изјави Спасовски.

Миграцијата, тероризмот и сајбер криминалот ќе бидат предизвици кои што ќе траат на долг век рече министерот Спасовски.

Share.