Преку детски цртежи одбележан денот на мирот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Ротари Клубот Битола Широк Сокак во соработка со Јазичното студио Лингва, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот 21-ви Септември, на 21.09.2018 година (петок) со почеток во 12 часот во МАГАЗА го организира настанот насловен “ЦРТЕЖИ ЗА МИР”.
Ова е настан кој се организира традиционално секоја година а идејата е преку детските цртежи да се промовира МИРОТ во негова поширока димензија.

МИР – да нема војни, конфликти, нетрпеливост и омраза
МИР во секојдневниот живот, МИР со нашите пријатели, роднини, нашите колеги, соседи, МИР со припадниците на другите националности и етнички групи, МИР кој секој од нас треба да го најде во себе си.


Оваа иницијатива Ротари клубот Битола Широк Сокак ја реализира и во координација со Ротари клубот од Clearwater Beach од САД.

Share.