Преку 2.000 гледачи на Купот на Македонија во боди-билдинг, Стојановски апсолутен победник

0
3318

Битолчанецот Борче Стојановски е апсолутен првак на Купот на Македонија во боди-билдинг, кој се одржа во спортската сала „Младост“ во Битола пред повеќе од 2.000 љубители на овој спорт.

Во голема конкуренција во 15 различни категории, судиите немаа лесна задача да ги изберат најдобрите. Дел од победниците ќе ја претставуваат Македонија на Балканското и Европското првенство во боди-билдинг.

Натпреварувањето одлично го организираше Фитнес студио Паљо и Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Победници по категории на Купот на Македонија во боди-билдинг:

Јуниори тинс: Денис Убашевски (Фитнес студио Паљо – Битола)

Јуниори до 23 години: Горан Тромбев (Алфа Фит – Битола)

Ветерани до 40 години: Владе Стојановски (Сити Џим – Битола)

Ветерани над 50 години: Зоран Лазаревски-Паљо (Фитнес студио Паљо)

Сениори до 70 килограми: Мартин Манасиевски (Магнус – Скопје)

Сениори до 80 килограми: Гоце Мојсовски (Фит форм – Охрид)

Сениори до 90 килограми: Владе Стојановски (Сити им – Битола)

Сениори над 90 килограми: Борче Стојановски (Сити Џим – Битола)

Боди-билдинг фитнес: Ангела Геминчевска

Бикини-фитнес победник: Симона Стојановска

Апсолутен победник: Борче Стојановски (Сити Џим – Битола)