ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕКУ 30 ЗЕМЈОТРЕСИ РЕГИСТРИРАНИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во Босна и Херцеговина во текот на ноќта се регистрирани над 30 земјотреси откако синоќа првиот најсилен земјотрес со сила од 5,7  степени по Рихтер беше регистриран во 23:07 часот со епицентар во близина на градот Столац.

Столац е најтешко погоден, а во земјотресот почина 28-годишната девојка, кога врз семејната куќа паднала карпа која се одвоила од блиската планинска падина.

Во земјотресите се повредени полесно уште десетина лица. Има повеќе оштетувања на куќи и згради особено во Херцеговина каде и беше најсилниот удар. На повеќе патишта во близина Столац има одрони и издадено е предупредување за внимателност на возачите.

Земјотресите беа почувствувани во цела БиХ, но исто така и во Хрватска и нејзиното јужно приморје, во Црна Гора во чија близина е епицентарот, во Србија, Албанија и Македонија.