ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕКУ 50 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАРИТЕ ВО ЧИЛЕ

Во шумските пожари кои беснеат во централниот дел на Чиле досега загинаа најмалку 51 лице, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, предупредија властите, пренесе БТА.

Службите за итни случаи се обидуваат да се справат со пожарите што им се закануваат на урбаните области.

Црн чад се издига од многу места во централниот регион на Валпараисо, со население од еден милион. Пожарникарите го гаснат пожарот со помош на хеликоптери и камиони.

Министерката за внатрешни работи Каролина Моралес предупреди дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми.

Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатогодишниот рекорден топлотен бран однесе 27 животи, а подрачјата погодени од пожарите беа повеќе од 400 илјади хектари.