Премиерно во Прилеп новата песна на Влатко Стефановски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На отворањето на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, со свои композиции се претстави и прилепскиот гитарист Влатко Стефановски.Прилепската публика уживаше во нотите кои ги изведуваше музичкиот великан Стефановски, кој е автор на бројни музички дела на театарски претстави како и музика за филм.
Истата вечер пред прилепчани премиерно изведе негова нова авторска композиција насловена „Линија на животот“.

Влатко Стефановски (роден во Прилеп, 24 јануари 1957) – македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“.
Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Влатко Стефановски живее со своето семејство Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото тонско студио „Езотерија“.Заедно со Бодан Арсовски, Стефановски членувал во неколку скопски групи, како: ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“ (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски). На почетокот на 1976 година Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушески и Димитар ја оформиле групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и текстописец. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Како член на „Леб и сол“, Стефановски ги создал незаборавните песни: „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Кумова Слама“, „Жива рана“, „Кантри“, „Као какао“, „Скопје“, „Чекам кишу“, „Чукни во дрво“ итн.

Share.