Премиерот Заев за средбата со канцеларката Меркел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното, следува позитивна согласност на Бундестагот во септември за прифаќање на препораката на Европска Комисија за почеток на преговори, рече премиерот Заев по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Со канцеларката Меркел имавме срдечна и пријателска средба, каква што личи меѓу земји стратешки партнери по многу прашања од заеднички интерес.

Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на унијата.

На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Од наша страна потврдивме дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.

На средбата нагласивме дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.

Силно сме уверени дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора“ , рече Заев.

Share.