Премиерот Заев со Могерини

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Заев по средбата со Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могеринии истакна дека таа, со оваа посета, уште еднаш ја сподели нејзината силна лична поддршка на нашиот пат кон Европската Унија, и со тоа ги потврди сите наши напори да го оствариме тоа.

„Нивната одлука да ги остават отворени портите на европското семејство за нашата земја беше од пресудно значење за нас, силна мотивација да ја завршиме нашата домашна работа, и пред сè, и над сè – да го решиме спорот со Грција. Сега ние, граѓаните на Република Македонија, треба да покажеме заедништво и одлучност на претстојниот референдум на 30 септември, да донесеме одлука за Договорот, да донесеме одлука за нашата иднина“, рече премиерот Заев во изјавата медиумите.

Претседателот на Владата на РМ Заев нагласи дека оваа посета на Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини не потсетува дека европската идеја е силна инспирација да ги решаваме горливите отворени прашања во регионот, и дека Република Македонија е јасен пример како силната верба во нашата европска иднина може да биде клучниот мотив за постигнување на историскиот договор со Грција, и на тој со Бугарија.

„Ние сме успешна европска приказна и автентичен модел на функционална мулти-етничка демократија. Ние сме сплотени и секојдневно го живееме Европското мото “Обединети во различностите“. Затоа оваа средба ја организиравме овде, во старата чаршија на Скопје, за да ја потврдиме оваа наша европска вредност, со која се гордееме“, потенцираше премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во своето обраќање пред медиумите во скопската чаршија истакна дека е многу среќна што токму денес има прилика да биде во главниот град на Република Македонија, кога во Европскиот Парламент премиерот Заев доживеа стоечки овации кога зборуваше за заедничките вредности што ги делат ЕУ и Република Македонија.

 

Share.