Премиерот на Израел од сега сам може да објави војна

0
201

Израелскиот парламент Кнесет изгласа закон кој им овозможува на премиерот и министерот за одбрана да одлучат да одат во војна без свикување седница на владата.

„За“ гласа 62 пратеници, а 41 беа против. Тоа ќе му овозможи на потесниот состав на владата задолжен за безбедноста да одлучува за воена операција, а да не се консултира со останатите министри.

Во екстремни услови премиерот и министерот за одбрана сами можат да одлучат за таква операција.

Ова го предложи министерката за правда Ајалет Шакед како амандман на законот кој претходно ѝ овозможуваше само на владата да одлучува дали ќе спроведе воена операција.

Потесниот состав на владата го сочинуваат 11 министри од вкупно 22.

„Во моменталната ситуација мора да бидеме во состојба да ја направиме работата на владата уште поефикасна“, кажа министерката во парламентот.

Законот е усвоен во време на тензии на границата на Израел и Појасот Газа каде се одржуваат масовни протести секој петок од 30 март од кога се убиени речиси 50 Палестинци..

Во меѓувреме министерот за одбрана на Израел Авигдор Либерман предупреди дека Израел ќе се спротивстави на секој обид на Иран воено да се зацврсти во Сирија.

мкд.мк