Препораки до граѓаните за новогодишните празници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува службата за Итна медицинска помош во пресрет на Нова година и божиќните празници.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не користи алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје со што ќе се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

И МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) имаат препораки за претстојните празници. Апелираат граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства и да не возат под дејство на алкохол. Да бидат внимателни, да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и сообраќајната сигнализација, апелираат институциите.

Министерството за внатрешни работи е дециндо: нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на петарди и други пиротехничките средства.

Согласно Законот за прекршоци, 200 до 500 евра е глобата за неовластено пукање од огнено оружје, употребување пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, додека согласно Кривичниот законик, оној што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, се казнува со затвор од три до десет години.

– Ако предмет на делото е поголемо количество огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Ако делото е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години, информира МВР.

makfax.com.mk

Share.