Жешкото време, високите температурата на воздухот и променливиот воздушен притисок се причина за здравстгвени проблеми кај населението па Владата на својата вчерашна онлан седница ги усвои препораките за заштита. Најпрвин препораките се со важност една недела, од денеска до 18 јули.
Децата во градинките да немаат физичко, но и да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот е една од препораките кои владата ги усвои на седницата како дел од здравствена заштита на населението од екстремно топлото време со кое се соочува државата. Владата ја прифати и наложи препораката „од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години“ и ја прифати и наложи препораката „работодавачите да ги реорганизираат работните актовности на градежните работници и работниците кои работат на отворено со тоша што ќе се избегне вршење на градежни и други физички актовности на отворено во период од 11.00ч до 17.00часот.
Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Истовремено се потсетуваат и граѓаните на некои основни хигиенски навики и активности поврзани со сопствена заштита од топлото време:
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.
– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почест одмор под сенка.
– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.
– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мaсна храна.
– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
– Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.












