ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТО ВРЕМЕ

Целата држава па и Битола зафатени од топлотен бран. Информациите од метеоролозите се дека под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени. Особено топло утре ќе биде во целава земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.Во Битола денеска до 35 степени.

„Нашето подрачје под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса па во следните денови времето ќе биде сончево и многу топло. Во текот на утрешниот ден максималните температури ќе бидат во интервал од 34 до 42 степени, а во делови од Пелагонија се очекува максималната температура да достигне околу 38 степен. Покрај високите температури ќе има и голема вредност на УВ индексот која што и утре и во следните денови ќе изнесува 10. Во петок повторно сончево и многу топло време, меѓутоа ќе дува и слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика во северните делови од земјава благо спуштање на температурите, меѓутоа јужните делови вклучувајќи ја и Пелагонија ќе останат многу толи, па така интервалот на температури во петок ќе биде од 34 до 43 степени, во Пелагонија повторно околу 38, а можно е и до 39 степени. За време на викендот ова благо намалување на температурите ќе се осети и во јужните делови, па така максималните температури за време на викендот ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. Покрај тоа што ќе бидат високи дневните температури, ќе бидат високи и утринските и тие на повеќе места ќе бидат околу 20-от степен“, изјави Ивана Петровиќ, дежурен синоптичар од УХМР.

Поради најавените високи температури од портокалова фаза, Владата усвои препораки и одлуки за намалување на ризиците од високите температури. Од таму информираат дека почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:

-Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

-Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a

-Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата одлучи:

-Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;

-Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

-Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

-Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 до 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните, се вели во соопштението од Владата.