ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕПОРАКИ ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

И во Битола надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10). Надминување на вредноста од 100µg/mво текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, општината информира дека истиот е надминат во мерната станица Битола 2, и тоа на 1 јануари кога се измерени 161,931 микрограм на метар кубен и на 2 јануари кога се измерени 139,002 микрограми на метар кубен.

Од општина апелираат до граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, во случај на надминување на прагот на информирање за PM10. односно , да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба,  да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтатички материјал, правилно да се користат печките на дрва. 

Исто така општината апелира граѓаните да ги почитуават и препораките на Институтот за јавно здравје.

Институтот за јавно здравје со препораки до населението при услови на високо загадување на воздухот.

“Екстремно лош (сиромашен)” на мерните станици во Берово, Гостивар и Тетово заради зголемени концентрации на PM2.5 честички.

Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички.Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци од пошироката јавност може да доживеат здравствени ефекти, а поединци, кои им припаѓаат на чувствителните групи, може да доживеат посериозни здравствени ефекти. Како најчувствителни и под најголем ризик се децата помлади од 5 години, постарите граѓани (особено над 65-годишна возраст), бремените жени, лицата со хронични заболувања, пациентите со астма и ХОББ, дијабетичарите, луѓето што работат на отворено, социјално загрозени категории граѓани и пушачи, чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постојни респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Оттаму, заради превенција на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички), кои во моментот драстично се зголемени, Институтот за јавно здравје препорачува:

За градовите со екстремно лош (сиромашен) индекс на квалитет на воздухот:

– останете дома ако не треба да излегувате;
– возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност;
– бремените жени треба да останат дома;
– луѓето со астма може да откријат дека треба да го користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност;
– лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница;
– избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација).

– Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено.

– не отворајте ги прозорците во вашиот дом;
– користете прочистувач на воздух без јонизатор (за особено чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни и мали деца и бремени жени).

За градовите со лош индекс на квалитет на воздух:

– секој што чувствува непријатности, како што се зацрвенување или печење на очите, кашлица или болки во грлото, треба да размисли за намалување на активноста, особено на отворено;
– зајакнете го имунолошкиот систем. Јадете здрава храна со многу овошје и зеленчук;
– посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако не се чувствувате добро и искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот;
– останете дома ако не треба да излегувате. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови и возрасните со проблеми со срцето треба да ја намалат напорната физичка активност, особено на отворено, а особено ако искусат симптом;
– бремените жени треба да останат во затворен простор;
– луѓето со астма може да откријат дека треба почесто да ги користат своите инхалатори;
– постарите луѓе исто така треба да го намалат физичкиот напор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

За сите групи на население:

– имајте предвид дека доколку во вашиот дом се греете на дрва или на некое фосилно гориво, вашата изложеност ќе биде значително повисока поради веројатно влошениот квалитет на воздухот во затворената просторија во која престојувате;
– јадете храна богата со витамини (антиоксиданси – витамин А, витамини Ц и Е, бета-каротин, ликопен, лутеин, селен, манган и други), главно присутни во овошјето и зеленчукот;
– консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот, се наведува во исвештајот на Институтот за јавно здравје.