Пресврт и победа на пелистерци, совладана Академија Пандев под „Тумбе кафе“

Екипата на Пелистер одигра одличен натпревар во рамките на 31. коло на Првата лига и по водството на Академија Пандев 0-1, се врати и стигна до победа од 3-1 (1-1). Со оваа победа и три бода, битолчани и наредната сезона ќе играат и гледаат прволигашки фудбал под „Тумбе кафе“ во Битола.

Човек на одлука на битолчани беше фантастичниот напаѓач Гудиаби, кој учествуваше во сите три гола на својот тим, две асистенции и еден гол, а и голманот Талески кој во финишот од првиот дел одбрани пенал.

Битолчани и математички останаа во лигата, па дури и можат да го нападнат петтото место на Работнички. Академија Пандев сама ја крои својата судбина во последните натпревари против Беласица и Борец.

Сподели