Пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ

0
2223

-Денес ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ Елпида Караманди, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште. Ја прашуваме исто така, дали е точно дека вд директорката на ОУ Даме Груев е сопруга на директорот на ЈКП Комуналец Панде Богоевски и дали директорките на двете гимназии во Битола се исто така во роднинска врска. Зборот транспарентност го слушавме во текот на целата предизборна кампања, па очекуваме и ние и граѓаните на таков начин да добиеме одговор на овие прашања.
Почитувани, за жал ова е само уште еден доказ за лицемерието и ароганцијата со која СДСМ планира да владее во Битола идните 4 години, изјави Викторија Христовска, ВМРО-ДПМНЕ.