Престана забраната за тешки товарни возила и на Ѓавато

0
271

Поради снежна лавина кај манастирот Бигорски патниот правец Маврово- Дебар целосно е во прекин од 06:00 часот.

Престанок на важноста на забраната за ТМВ на Ѓавато, нормализиран е сообраќајот од 07:00ч. Престанок на важноста на забраната зa TMВ на Пресека, нормализиран е сообраќајот од 09:00ч.Во 09:25 ч. престанува забраната за движење на ТМВ на патниот правец Ресен-Охрид преку превојот Буково.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, Струга – Дебар, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари – Кичево. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби. Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула.

Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.