Утрово 0 степени на Попова Шапка, 2 Куманово, 3 Битола, Берово, Маврови Анови, Лазарополе, 5 Прилеп, Крушево, 6 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Охрид, Претор, Крива Паланка, 8 Струмица, 9 Гевгелија, Демир Капија, 10 Дојран.
Најмногу дожд 15 л/м2 наврна во Прилеп, 14 Крушево, 10 Охрид, 9 Пожаране, 8 Куманово, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, Берово, Демир Капија, Ѓуриште, 3 Тетово, 2 Дојран, 1 Битола, Штип.
Во текот на ноќта и утрово беше претежно облачно, во западните делови со појава на магла. Наместа во југоисточните делови има делумно намалена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Поварадрието.
Времето денеска прeтпладне претежно облачно, наместа со магла, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.












