ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО, ВО БИТОЛА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утрово измерени 3 степени во Лазарополе, 4 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, 6 Крива Паланка, Крушево, 7 Охрид, 8 Берово, Дебар, 9 Тетово, Прилеп, 10 Претор, Битола, 11 Скопје-Петровец, Куманово, Виница, 12 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Дојран, 13 Штип, Велес, Гевгелија, 14 Струмица, Демир Капија.

Во текот на ноќта и утрово времето беше претежно облачно со слаб локален дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец, а долж Повардарието повремено засилен од југоисточен правец.

Времето денеска претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 18 степени.