Претежно облачно со повремен локален дожд

Утрово во 7 часот беа измерени слендите температури: 3 во Лазарополе, 4 Маврови Анови, Крушево, 5 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Претор, Прилеп, Берово, 7 Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Демир Капија, Виница, 8 Струмица, Дебар, Куманово, 10 Дојран, 11 Гевгелија.

Наврнат водел талог  за изминатите 24 часа (во л/м2), до 7 часот изуртина:  4 Струмица, 3 Демир Капија, 2 Маврови Анови, Лазарополе, Охрид, Претор, Гевгелија, Берово, Дебар, Крушево, 1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп, Куманово, Дојран.

Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Утрово по одделни котлини има појава на магла.

Времето денеска претежно облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Битола до 11 степени.

Сподели