Претежно сончево, во Битола до 19 степени

Времето денеска претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Дневните температури од 14 до 22 степени, во Битола до 19.

Утре наутро со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

 

Сподели