Претежно сончево време, во Битола до 13 степени

Утрово најстудено со -2 степени беше во Лазарополе, -1 Маврови Анови, 0 Битола, Прилеп, Тетово, Крушево, 1 Крива Паланка, Охрид, 2 Штип, Претор, Берово, Виница, Попова Шапка, 4 Скопје Петровец, Струмица, 6 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, 8 Дојран, 10 Гевгелија.

Во текот на ноќта облачноста на повеќе места се зголеми, па утрово преовладуваше умерено до значително облачно време. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска умерено до значително облачно, во текот на денот облачноста ќе се намали, па попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 11 до 18 степени, во Битола до 13.

Сподели