ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПЛАДНЕ И СО СОНЦЕ, ОД ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови и особено на северозапад ќе има појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 31 степен. Во Битола до 28 степени.

Утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Од пладневните часови особено во северните и источните делови ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.