Утрово 5 стерпени на Попова Шапка, 6 Берово, Лазарополе, 7 Крушево, 8 Крива Паланка, Маврово, 9 Претор, Кавадарци, 10 Виница, Струмица, Охрид, 11 Тетово, Прилеп, Битола, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Дебар, Штип, Дојран, Велес, 13 Демир Капија, Гевгелија.
Најмногу дожд 14 л/м2 наврнаа во Крушево, 13 Попова Шапка, Пожаране, 11 Тетово, Прилеп, 9 Гевгелија, Куманово, 8 Скопје–Зајчев Рид, 7 Велес, 6 Кавадарци, Берово, Виница, Дојран, 5 Струмица, Штип, Крива Паланка, Демир Капија, 4 Битола, 3 Маврови Анови, 2 Охрид, Лазарополе, 1 Претор.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно со слаб дожд понекаде. Дуваше слаб до умерен ветер кој во североисточните делови е северен, а во останатите е претежно јужен. Утринава во централниот дел има ниска облачност која полека се намалува.
Времето денесла сончево и топло со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени. Во Битола до 24 степени.












