ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПЛАДНЕ СОНЧЕВО, А ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Утрово 5 степени во Лазарополе, 6 Берово, Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, 10 Тетово, Крушево, 11 Скопје–Петровец, Струмица, Претор, 12 Скопје–Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Дебар, Куманово, Штип, Виница, 13 Демир Капија, Кавадарци, 14 Велес, 15 Гевгелија.

Во првата половина од ноќта во западните делови беше променливо облачно со повремен локален дожд. Облачноста се намалуваше, па утрово времето е претежно сончево.

Денеска претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните деловии. Локално, особено во западните делови ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.