Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Битола до 33 степени.
УВ индексот 8.
До петок во попладневните часови ќе има честа појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.












