Претпладне сончево, попладне некаде нестабилно време

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневните температури од 20 до 30 степени, во Битола до 26.

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Сподели