Утрово 13 степени во Берово, 16 Маврови Анови, 17 Попова Шапка, Охрид, Претор, 18 Битола, Крива Паланка, Дебар, Прилеп, 19 Тетово, Демир Капија, 20 Крушево, Кавадарци, Велес, 21 Куманово, Штип, 22 Скопје-Зајчев Рид, Ѓуриште, 24 Дојран.
16 л/м2 наврнаа дожд во Дебар, 15 Прилеп, 3 Охрид, 1 Демир Капија, Тополчани.
Во текот на ноќта претежно ведро и тивко. Утринава понекаде со слаб најчесто североисточен ветер.
Денеска претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Битола до 36 степени.
УВ индексот 8.












