ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПЛАДНЕ СОНЧЕВО, ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Битола до 29 степени.

Под влијание на нестабилна воздушна маса, денес и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.