Утрово 4 степени во Лазарополе, 7 Берово, 8 Попова Шапка, Маврови Анови, Охрид, 9 Битола, Претор, Крива Паланка, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Струмица, Крушево, 11 Штип, Виница, Гевгелија, 12 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен променлив ветер. Утрово е сончево со мала, во североисточните делови умерена облачност.
Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени. Во Битола до 23 степени.












