Утрово 5 степени во Лазарополе, 6 Берово, Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, Претор, Крушево, 10 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Дебар, 12 Штип, Струмица, Охрид, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, Демир Капија, 14 Дојран, Гевгелија.
Најмногу дожд 12 л/м2 наврнаа во Скопје-Зајчев Рид, 8 Пожар, 7 Дебар, 5 Струмица, 3 Демир Капија, 2 Гевгелија, 1 Охрид, Тополчани, Попова Шапка.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Денеска сончево со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Битола до 23 степени.












