Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени.Во Битола со максимална дневна температура од 26 степени.
Од УХМР најавуваат дека и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат без поголема промена.












